Свет lrd

17 декември, 2014

Лорд, Лана Дел Реј и Сиа во трка за Оскарите

Лорд, Лана Дел Реј и Сиа се меѓу 79-те музичари чии композиции се нашле во поширокиот избор за „Најдобра оригинална песна“ на претстојното доделување на Оскарите. Новозеландската ѕвезда се натпреварува со темата Yellow Flicker Beat од последниот филм од серијалот „Игри на глад“, Лана со „Big Eyes“ од истоимениот филм на Тим Бартон, додека австралиската хит-мејкерка Сиа е во трка со Opportunity“ од најновата филмска адаптација на мјузиклот „Ени“.

 

Покрај нив, во поширокиот избор се и две песни од саундтрак изданието за филмот „Вината во нашите ѕвезди“, а тоа се „Not About Angels“ од Брди и „Let Me In“ од „Груплав“. Од познатите имиња тука се и Џон Леџенд со „Glory“ од филмот „Селма“, „Колдплеј“ со „Miracles“ од филмот „Нескршено“, Алиша Киз и Кендрик Ламар со „It’s On Again“ од „Чудесниот Спајдермен 2“, како и Адам Левин со „Lost Stars“ од романтичната комедија „Нов рефрен“.

 



Врати се горе ↑