Свет lord

11 септември, 2014

Лорд и Пол Епворт работат на саундтракот на филмот „Игри на глад“

Популарната кантавторка од Нов Зеланд, 17-годишната Ела Јелиќ О’Конор, позната како Лорд, ги здружи силите со славниот британски композитор и продуцент Пол Епворт (Адел, Колдплеј), со кој работи на новата песна која ќе се појави во следниот филм од серијалот „Игри на глад (Hunger Games)“, пишува магазинот „Њу мјузикал експрес“. Лорд е и уредничка на саундтракот за последниот филм од серијалот (The Hunger Games: Mockingjay – Part 1), а ќе го сними и водечкиот сингл кој е најавен за 21 ноември. За сега неименуваната нумера е снимена кон крајот на август во студиото „Лејкхаус рекординг“ во Њу Џерзи, кое на помладата колешка ѝ го препорача Брус Спрингстин.

Пејачката, чиј хит сингл „Royals“ сè уште добива награди на различни музички манифестации, неодамна објавила фотографија со дел од текстот за новата песна, а во таа пригода открила дека има проблеми со пишувањето на материјали за новиот албум, бидејќи ѝ се чини дека песните премногу наликуваат на оние од нејзиниот деби албум, но додала и дека не се откажува од секојдневната работа.

 

 



Врати се горе ↑