Видео

28 ноември, 2017

Лорд и Хари Стајлс главни ѕвезди на австралиските музички награди

Лорд и Хари Стајлс со своите настапи го одбележаа годинашното доделување на австралиските музички награди – АРИА 2017 (Australian Recording Industry Association), што се одржа денеска, односно вчера во Сиднеј. Популарните пејачи ја делеа сцената со едни од најголемите австралиски ѕвезди, како што се Ејми Шарк, „Генг оф јутс“, Џесика Маубој и „Пекинг дак“, приредувајќи шоу за паметење.

Имено, новозеландската дива отпеа дел од хитовите сместени на актуелниот албум „Melodrama“, кој штотуку доби и номинација за Греми во категоријата албум на годината, а нејзиниот колега и поранешен член на „Уан дајрекшн“ го отпеа најновиот сингл „Kiwi“, сместен на неговиот мошне успешен деби-албум. Двете ѕвезди беа номинирани во категоријата најдобар интернационален уметник, но победата отиде во рацете на Стајлс.

Двата одлични настапи можете да ги погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑