6 ноември, 2014

Лорд го објави видео записот за „Yellow Flicker Beat“

Веќе имавте можност да ја слушнете песната „Yellow Flicker Beat“, која популарната музичарка Лорд ја сними за саундтракот на претстојното продолжение на филмот „Игри на глад“, на кое работеше заедно со познатиот британски композитор и продуцент Пол Епворт. По повод својот 18-ти роденден, пејачката денеска го објави и видео записот за оваа песна, чија режија ја потпишува Емили Каи Бок, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑