Аудио

17 септември, 2017

Лорд ги здружи силите со Калид, Пост Малоун и Сиза за ремиксот на „ Homemade Dynamite“

Лорд го објави ремиксот за темата „Homemade Dynamite“, сместена на актуелниот албум „Melodrama“, a во него гостуваат новите надежни ѕвезди Калид, Пост Малоун и Сиза. Песната воедно е трет сингл од албумот, чиј материјал ќе биде промовиран во рамките на истоимената светска турнеја што ќе започне на 26 септември, а ќе заврши на 15 април следната година, опфаќајќи вкупно 60 концерти во Европа, Северна Америка и Океанија.

 



Врати се горе ↑