4 август, 2017

Лорд ги покажа своите „Совршени места“

Новозеландската музичарка Лорд го претстави видеото за вториот официјален сингл од актуелното издание „Melodrama“, кое го најави со хитот  Green Lights. Станува збор за темата насловена „Perfect Places“, која пејачката ја опиша како „најдобра песна што ја напишала досега“, а кои се нејзините совршени места можете да погледнете горе.

Новиот материјал од вториот студиски албум пејачката ќе го промовира и во рамките на истоимената светска турнеја, која ќе започне во септември годинава, а ќе опфати 60 концерти во Северна Америка, Европа и Океанија.



Врати се горе ↑