Свет lorde

29 септември, 2014

Лорд е „највлијателната млада поп ѕвезда за 2014“ година според „Билборд“

17-годишната Ела Јелиќ О’Конор, позната како Лорд, е „највлијателната млада поп ѕвезда за 2014 година“ според реномираното списание „Билборд“. Таа го презеде првото место од минатогодишните победници, планетарно популарните „Уан дајрекшн“, кои годинава не се најдоа на оваа листа бидејќи наполнија 21 година. Младата музичарка од Нов Зеланд го освои светот со мега хитот „Royals“, како и со успешниот деби албум „Pure Herion“, со што си обезбеди статус на музичка ѕвезда.

 

Покрај Лорд, на листата се најде и Џастин Бибер, како и младиот австралиски состав „5 секндс оф самр“, потоа продуцентската надеж Мартин Герикс, женскиот состав „Фифт хармони“ и други.



Врати се горе ↑