22 декември, 2017

„Локос Железарос“ со музика против насилството

Скопската рап-група „Локос Железарос“ деновиве го претстави својот нов сингл насловен „1312“, кој стигна заедно со филмска екранизација што изобилува со насилство, но, како што велат раперите, „целта не му е да го поттикне, туку да го згасне.“

Инструменталот е дело на Александар Тодоровски, миксот и мастерингот му се заеднички со Саше Ѓоргиев, а видеото го потпишува Иван Солунчев и „С.Б. Студио“. Како вистински претставници на рапот, „Локос Железарос“ ја користат својата платформа да дадат критика за општеството, а каква порака имаат за насилството можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑