10 јуни, 2015

„Loca“ – нов летен хит од романскиот пејач Марио Бискин

Заразниот романски ритам веќе одамна ги освои слушателите ширум цела Европа, а сега Ви претставуваме уште еден интересен хит што „мириса“ на лето! Станува збор за новиот сингл „Loca“ од популарниот романски пејач Марио Бискин, чија музика се слуша низ цела источна Европа, како и балканските земји, а особено популарна беше песната „Macarena“.

Пејачот соработува и со бројни музичари од други земји, што придонесува за уште поголема популарност. Видео записот за „Loca“ Ве очекува горе, а други хитови од Бискин можете да слушнете на неговата официјална веб страна. Уживајте!



Врати се горе ↑