Видео

18 декември, 2018

Лоба: „Новиот албум е дел од мојата душа“

Во ресторанот „Фор“ вчера се одржа промоцијата на долгоочекуваниот прв албум на Викторија Лоба, соодветно насловен „Нов свет“. Ова, всушност, двојно издание содржи две цедеа, односно две верзии на албумот – една на македонски и една на англиски јазик.

„Долги години сум на македонската музичка сцена, знаете, уште од детската Евровизија, и тоа беше доволно време да созреам и како уметник, како пејач и како личност… Ова што го држам во рака не е обично парче хартија со некои две цедеа, туку е дел од мојата душа, дел од мене којшто сакам да го споделам со сите вас и кога ќе го преслушате, сакам да остави позитивни емоции во вашите души“, рече пејачката, заблагодаувајќи им се на присутните што дојдоа да ја поддржат на промоцијата.

„Работевме многу напорно и знате дека без Роберт Билбилов и без Марга Сол, оваа креација не би била вистинска музичка приказна, така што една огромна благодарност до нив што ми ја дадоа оваа шанса да ја раскажам оваа приказна“, додаде таа.

Congratulations Victoria Loba for the new album “New World” [M-Sol Records 2019 Production]. Mechanical CD will be…

Gepostet von M-Sol Records am Montag, 17. Dezember 2018

 

„Мене ми е многу жал што после толку време ова ѝ е прв албум и се надевам дека нема да застане тука и ќе направи уште десет албуми. Се надевам дека ќе ви се допадне албумот и дека ќе уживате“, рече Билбилов, а Марга дополни дека станува збор за навистина светски производ.

„Јас сум многу среќна што сум дел од оваа наша приказна. Решивме заедно со Викторија и со Дарко Цветковски да правиме некое убаво парче, да создадеме убава музика, музика што ќе оди подалеку од Македонија, преку нашата продукција „М-Сол рекордс“. Изработивме и македонски и англиски албум и тој ќе се продава низ целиот свет, на сите дигитални продавници, но низ Македонија ќе си го набавите и ова (физичко) цеде. Сакавме да создадеме нешто современо, модерно, енергично, нешто љубовно, нешто среќно – тоа што нè прави луѓе“, рече таа.

Домаќин на промоцијата беше познатиот водител Марки Марк.

Време е за НОВ СВЕТ!

Gepostet von Victoria Loba am Montag, 17. Dezember 2018

 

Механичките примероци од изданието ќе бидат достапни ширум Македонија и со порачување преку онлајн-продавницата на М-Сол рекордс, а во дигитална форма ќе биде објавен на 7 јануари 2019.



Врати се горе ↑