Видео

9 ноември, 2018

Лоба, Марга Сол и Дарлс Флоу се „Над небото“

„Feel It“ за англиската, а „Над небото“ за македонската верзија е насловот на новата соработка на Викторија Лоба со продуцентите Марга Сол и Дарко Цветкоски или Дарлс Флоу, кои се потпишуваат како автори на оваа дип-хаус тема, а освен што пее, Лоба се погрижи и за стиховите на македонски јазик. Сето тоа визуелно го дополни Дарко Митев, снимајќи на идличниот грчки остров Санторини.

Фотографија на Victoria Loba.

“НАД НЕБОТО” е мојата љубов, мојата енергија преточена во музичко дело зад кое стојат M-Sol Records Marga Sol Sotirovska…

Gepostet von Victoria Loba am Montag, 5. November 2018

 

Покрај неодамнешната соработка „Restless“, исто така со Дарлс Флоу, „Над небото“/„Feel It“ е уште една најава за долгоочекуваниот албум на Лоба, кој е со работен наслов „Нов свет“.

„Материјалот е веќе готов и за околу месец од сега ќе го објавам. Албумот ќе излезе и на македонски и англиски јазик, всушност ќе издадеме паралелно два албума. На сите љубители на македонската музика, како што ветив, во ек се последните подготовки исполети со многу емоции, љубов и енергија. А во меѓувреме подготвуваме нов видео запис за исто така одлична песна од албумот која сигурно нема да ве остави рамнодушни“, откри талентираната русокоса во неодамнешен разговор со „Вистина.мк,  а додека ја очекуваме промоцијата на новиот албум, уживајте со оваа одлична соработка „Над небото“!

 

 

 



Врати се горе ↑