Видео

24 април, 2018

Лоба и Тајзи прашуваат „Каде сме ние?“

Во хотелот „Сити парк“ во Скопје, Викторија Лоба и Тајзи вчера го промовираа својот дует насловен „Каде сме ние“, кој стигна во пакет со соодветно, ултрамодерно видео. Станува збор за уште едно врвно музичко и продукциско дело на хитмејкерот Роберт Билбилов, чиј потпис стои на целокупниот аудио-производ со светски квалитет, а сето тоа одлично го визуализираше охридскиот мултиталент Даниел Јовески.

„Во ова музичко дело вложивме многу искрени емоции и труд, топло се надеваме дека овој проект ќе допре до сите вас и несебично ќе го споделите ова парче ЉУБОВ“, напиша Лоба споделувајќи го новиот сингл, кој доаѓа неполн месец по темата Херој и кој ќе се најде на нејзиниот долгоочекуван прв студиски албум што е планиран за подоцна годинава.

Пролетва е доста плодна и за популарниот кумановец, чиј неодамна објавен хит „Мој живот, моја ствар“ е само најава за претстојното лето што ќе биде исполнето со уште нови песни и многу настапи, а каков резултат се добива кога ќе се спојат Русинка, кумановец, скопјанец и охриѓанец, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑