15 септември, 2017

Лоба го претстави видеото за „Дојди“

Викторија Лоба вчера го промовираше своето ново видео за актуелниот летен хит „Дојди“, кој цело лето се врти на радијата ширум Македонија. Станува збор за уште една во низата соработки со хитмејкерот Роберт Билбилов, кој се погрижи за музиката, аранжманот и продукцијата, додека стиховите си ги напиша самата Викторија. Видеото, пак, во кое шармантната русокоса танцува и се забавува со своите другарки Николина Славковска и Росана Стефанова и „шоферот“ Никола Ацевски, е во режија на Огнен Шапковски, а го изработи „Мелем продукција“.

„Овој спот ми значи многу затоа што многу се намачивме, го снимавме три дена. Во ова тешко време кога ние артистите немаме толкава поддршка од медиумите затоа што преовладуваат политичките вести, сакам да им дадам поттик на музиката, видеата, на тоа што го работиме, би сакала да почнеме да правиме добра музика, добри проекти, добри видеоспотови“, изјави таа на вчерашната промоција, а како изгледа новото видео можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑