Аудио Ljupka Najdanovska

18 април, 2013

Љупка Најдановска се враќа со „Дел од себе“

Ексклузивците на Горила Продукција, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, решија нивното пријателство да го искористат и во професионалниот живот. Тие ги здружија силите и го направија нивното прво заедничко дело, песната „Дел од себе“. Сепак, ова нема да биде и прв дует за популарните пејачи. Даре и Диме изведбата на песната ѝ ја доверија на нивната колешка, Љупка Најдановска.

„Малку е да се каже дека сум задоволна од песната која Диме и Даре ја направија за мене. „Дел од себе“ навистина ја долови пораката која во моментов сакам да и ја испратам на публиката. Но, најважно, чест ми е што ете, првата нивна заедничка песна ја направија баш за мене“ – вели Љупка.

Публиката ја запозна Љупка во музичкото шоу М2 во 2011-тата година каде стигна и до големото финале, а неколку месеци владееше со музичките топ листи со песната „Кога сонце грее плачам“, која ја испеа во дует со Ламбе Алабакоски.

По долго време, Љупка повторно ѝ се враќа на музиката со новиот сингл, но и најава замногу поактивно присуство на македонската сцена, како со нејзините песни, така и со клупските настапи и концерти. За новиот сингл „Дел од себе“, за кој покрај музиката на ексклузивците на Горила, Даре и Диме, се погрижи и Милан Миланов, кој го напиша текстот, додека песната се снимаше и миксаше во студиото на Роберт Билбилов.

 



Врати се горе ↑