За Вас

9 февруари, 2018

Љубовната приказна на Иван и Ана го освојува „Капитол мол“

Во популарниот трговски центар во Скопје, „Капитол мол“, се роди уште една љубовна приказна. Иван ја сретна Ана и само со уште неколку денови пред Денот на вљубените останува прашањето: Како да продолжи приказната помеѓу Иван и Ана?

Капитол мол заедно со фановите на својата страница на Фејсбук сака да одговори на предизвикот за тоа како Иван ќе ја покани Ана на состанок. Секој може да се вклучи со предлог на забавна активност во „Капитол мол“ која би била совршена за нивната прва средба. За да му помогнете на Иван треба да напишете креативни сценарија. Најинтересниот од нив ќе биде дел од самата приказна и ќе добие изненадување од трговскиот центар.

Еден од фановите на Иван му посочи: „Многу едноставно. Ќе ја прашаш Ана дали сака да си помине еден супер забавен ден. Кога ќе добиеш потврден одговор едноставно се договарате дека се чекате пред ’Капитол мол’ и играта може да започне. Во меѓувреме ќе си направиш двојни стикерчиња (едни за тебе и едни за Ана) со Фејсбук емотикон и правилата за игра се следни: Секој емотикон кој ќе ви се совпадне едноставно го правите. Пример: Одете пред куглана и двајцата избирате срценце, влегувате и куглате. Застанувате пред ’Дежа ву’, двајцата покажувате стикер лајк седнувате на ручече, застанувате пред цвеќарница и Ана ако покаже срценце, веднаш цвеќенце без двоумење 😀 (ова за пред крајот на играта)… И така низ спонтаност и игра ем ќе се запознаете повеќе ем ќе си поминете супер ден.“.

Кој е Вашиот совет? Предложете му на Иван на:

Како да продолжи приказната помеѓу Иван и Ана? 🤔Помогни му на Иван со идеја како да ја покани Ана на состанок и предлож…

Posted by Capitol Mall & Residence on Mittwoch, 7. Februar 2018



Врати се горе ↑