Аудио ZP-Tina Rus

15 април, 2015

Љубовна песна без ручек кај мама, прстени и цвеќиња

„Љубав на последњи поглед“ е четвртиот сингл на групата „Заклонишче препева“ од нивниот албум „Само да проџе демократија“. Ова издание со истоимената револуционерна химна, која често може да се слушне на синдикалните простести ширум цела поранешна Југославија, претежно се занимава со љубовна тематика, а „Љубав на последњи поглед“ ја претставува нејзината мрачна страна. Како што велат членовите на овој словенечки состав, „тоа е песна за девојките кои сакаат лоши момци. Без прстени и цвеќиња, без ручек кај мама и без сонцето кое не продира таму каде што делуваат првобитната страст и екстазата.“

Покрај текстопицесот Вања Алич, за прв пат како композитор се потпишува клавијатуристот и саксофонист Петар Барош. Фронтменот Вања Алич и во оваа нумера му останува верен на својот јазик, па без колебање ги отвора картите и вели дека данокот на вистинската љубов е висок.

„’Љубав на последњи поглед’ е само за храбрите, за оние коишто се подготвени да ризикуваат“, порачуваат од групата „Заклонишче препева“, која слави дваесет години од основањето.

 

Насловна фотографија: Тина Рус



Врати се горе ↑