„Љубов, само љубов лекува“ е новата песна на Миле Кузмановски
„Љубов, само љубов лекува“ е насловот на новата песна на Миле Кузмановски, која е прва негова соработка со добро познатиот композитор и аранжер Владимир Дојчиновски Дојчин. Темата ќе добие и свое видео издание, чија промоција би требало да се случи по новогодишните празници, а покрај видео записот Кузмановски подготвува и ново цеде, ди-ви-ди издание од концертот, како и 4 нови видео записи.
Извор: Вистина.мк