Галерија IMG_5934

2 февруари, 2015

Љубов на македонски начин – Владо Георгиев се дружеше со своите фанови во „Скопје сити мол“

„Ви благодарам што сте тука и очекувам дека во огромен број ќе ве видам и на мојот концерт на 14-ти февруари”, со овие зборови Владо Георгиев ги поздрави присутните, кои со нетрпение го очекуваа. Многу слики, потпишани албуми и автограми беа наменети за сите оние кои беа дел од дружбата, а ги имаше во навистина голем број.

„Скопје сити мол“ секогаш се грижи за своите посетители и постојано ги изненадува своите фанови со блиски дружби со познати јавни личности од Македонија и регионот, а истиот тренд несомнено ќе продолжи и во иднина.

Во прилог е фотогалерија од дружењето со Георгиев во „Скопје сити мол“.



Врати се горе ↑