Концерт dime-lambe-koncert-bt

3 февруари, 2015

„Љубов, музика и вино“ – концерт на Димитар и Ламбе во Битола

По повод празниците Св. Трифун и Денот на вљубените, на 13 февруари (петок) со почеток во 20.30 часот во НУ Народен театар – Битола, Димитар Андоновски и Ламбе Алабаковски ќе одржат концерт насловен „Љубов, музика и вино“. Покрај нивните хитови, ќе бидат отпеани и голем број од македонските евергрини кои оставиле белег во македонската музика.

На концертот како специјални гости ќе настапат познатите актери од битолскиот театар: Борис Чоревски, Маја Андоновска и Петар Горко. Картите се во ограничен број. Резервации на тел :071 887-771.



Врати се горе ↑