Концерт Ljubojna3(1)

15 ноември, 2012

Љубојна со концерт во Универзална Сала

„Ljubojna brass fantasy“ е новото издание на составот Љубојна, кое ќе биде премиерно изведено на концерт на 20 ноември во Универзална сала, со почеток во 20 часот. На концертот ќе биде изведена егејска или беломорската музика.

Концертот на Љубојна е дел од годишнава програма на Есенските музички свечености 2012, што се под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура. Концертот е во организација на Центарот за култура Битола и Универзална сала – Скопје.

Овој настан е плод на повеќегодишната соработка со едни, како што рече, исклучителни луѓе, Оливер Јосифовски, Вера Милошевска и сите останати членови на Љубојна – изјави Борче Димитровски директор на НУ Центар за култура Битола.

Оливер Јосифовски од составот Љубојна рече дека концертот е една бучна, сончева раздвижена, жива музика со многу луѓе на сцена или 18 вкупно. Освен Вера Милошевска, на сцената ќе има уште седум женски вокали од Битола, кои се под заштитното име на КУД „Илинден“ и ќе пеат со неа.



Врати се горе ↑