Концерт Print

14 јули, 2016

„Љубојна“ со концерт во Охрид

Групата „Љубојна“ најавува концерт во Охрид, но во едно ново руво, во еден друг амбиент во летниот клуб „Кадмо“. Концертот ќе се одржи овој викенд, на 15 јули во петок, со почеток во 23 часот. Влезниците за престојниот концерт на „Љубојна“ може да ги набавите во претпродажба по промотивна цена од 200 денари во кафе барот и клубот „Кадмо“, како и на штандот на „Кадмо“ на плоштадот во Охрид.

Ljubojna - Kadmo - Cover

„Љубојна“ летово ќе одржи и концерти на „Д фестивал“, „Струмица опен фест“, „Пробиштип самер фест“; Радовишка „Самун ем Татлија“, како и во Пекинг и Њујорк. Македонската етно група неодамна сними и спот за новата песна со интересен наслов Ракија, каде гостуваат македонскиот трубач Џамбо Агушев и британскиот музичар Ола Ди. Видео записот воедно е и најава на летната турнеја на „Љубојна“.



Врати се горе ↑