Концерт Љубојна

10 февруари, 2016

„Љубојна“ со концерт во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

НУЦК „Ацо Шопов“ и „Горила продукција“ Ви подготвуваат големо музичко задоволство. Штипјани во сабота, на 13.02.2016, ќе имаат можност да уживаат во прекрасната музика на „Љубојна“ во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Билетите за концертот се во претпродажба по промотивна цена од 300 денари, на врата 350 денари, а истите можете да ги набавите во домот на културата, НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, „Пијано бар“ – Штип, Народен Театар – Штип и во домот на култура „Бели мугри“ – Кочани. Концерот во Штип е почеток на концертната турнеја на „Љубојна“.

По издавањето на осмиот студиски албум „Шербет Љубојна“ и успешниот концерт во арената „Борис Трајковски, 2015 за групата „Љубојна“ е една од најуспешните години.



Врати се горе ↑