Концерт 10423924_759766180784303_2386871385605485083_n

12 декември, 2014

„Љубојна“ со голем концерт во Скопје

Групата „Љубојна“ за 20 декември го најави својот голем концерт опишувајќи го како „едно специјално предновогодишно издание за вас!“ Специјален гостин на концертното доживување насловено „Љубојна, музика на дланка“ ќе биде познатиот џез музичар и пијанист Васил Хаџиманов.

Во текот на концертот ќе се свири музика од нивниот последен албум „Незгаснати огништа“, но и хитови од претходните албуми. Влезниците по цена од 350 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и на билетарницата на „Универзална сала“.

 



Врати се горе ↑