Македонија

20 јули, 2019

„Љубојна“ снима ново видео за „Севдо ле“

Популарната етно-група „Љубојна“ деновиве снимаше ново видео за темата „Севдо ле“, кое ќе биде промовирано наскоро. Судејќи по споделените фотографии, нè очекува уште една одлична екранизација од музичарите, во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.

Драги фанови и пријатели ❤ наскоро нашето ново видео за темата СЕВДО ЛЕ 😊Погледнете дел од сесијатаfeat. Natalija Teodosieva i Dimitrija Doksevski

Gepostet von Luboyna Љубојна am Freitag, 19. Juli 2019

 

Новото видео доаѓа во пресрет на концертот што ќе го одржат на 7 август во Античкиот театар во Охрид, кој ќе биде во рамките на годинашното „Охридско лето“.

Бендот годинава ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Џијан Емин, а во март за „Кроација рекордс“ беше објавена и збирка со нивните најголеми хитови.



Врати се горе ↑