Галерија 12391935_958817754212477_3619688038330652862_n

18 декември, 2015

„Љубојна“ покажаа како се љуби музиката. Следни се „Нокаут“!

„Горила продукција“, во свое име и во името на „Љубојна“ и нивните гости Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев, им се заблагодарува на сите оние кои направија вчерашниот концерт во арената „Борис Трајковски“ да биде едно од најубавите искуства за нив како организатори и за сите кои настапија. Многу музичари на сцена, прекрасна размена на енергии,  гласно пеење, неуморно играње и многу кренати раце и срца… Вака накратко може да се опише атмосферата на концертот, но кога зборовите не се доволни, оставаме фотографиите да раскажат повеќе.

Следен предизвик за „Горила продукција“ е концертот на „НОКАУТ“, закажан за 24 декември, исто така во „Борис Трајковски“. Билетите одлично се продаваат, а оние кои сè уште не се снабдиле со карта, тоа можат да го сторат во продажната мрежа на mktickets.mk. Момците од бендот максимално им се посветени на пробите, а она што вам ви преостанува е да им докажете дека навистина ја заслужувате титулата „специјални гости на вечерта“. Завршете ја годината позитивно со „НОКАУТ“!



Врати се горе ↑