Концерт 10423924_759766180784303_2386871385605485083_n

17 декември, 2014

„Љубојна“ најави уште еден концерт на 21 декември

Специјалното предновогодишно доживување кое „Љубојна“ го најави за 20 декември во „Универзалната сала“ е комплетно распродадено, но групата денеска соопшти дека публиката ќе ја почести со уште еден концерт закажан за следниот ден, 21 декември! Во рамките на двете концертни вечери групата ќе свири музика од својот последен албум „Незгаснати огништа“, како и хитови од претходните изанија, а специјален гостин ќе биде познатиот џез музичар и пијанист Васил Хаџиманов.

Концертите насловени „Љубојна, музика на дланка“ и во сабота и во недела ќе започнат во 20.30 часот, а влезниците по цена од 350 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и на билетарницата на „Универзална сала“.

 



Врати се горе ↑