Македонија 15036655_1819438748323963_6187609490215774966_n

30 декември, 2016

„Љубојна“ ја заокружи годината со нов албум

По серијата успешни концерти во Македонија по повод јубилејот од 15 години работа, групата „Љубојна“ гостуваше во Њујорк, каде што одржа концерти во рамките на промоцијата на македонската музика и култура, а воедно и промоција на новиот албум насловен „Радио Љубојна“ или „Љубојна виа Битола, Битлси виа Љубојна“, составен од 8 македонски изворни песни.

Продуцент на албумот е Оливер Јосифовски, а снимен е во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Главниот вокал и овој пат е на Вера Милошевска, а како гости се појавуваат Џамбо Агушев, Васил Хаџиманов, диџеј Славе, Исмаил Лумановски и многу други.

Албумот „Радио Љубојна“ наскоро ќе се појави и во продажба во сите музички продавници, а промоцијата во Македонија се одржа на 27 декември, во „Холидеј ин“ во Скопје.

15781191_10154680366112534_2630510918950719425_n

Во својот 15-годишен музички опус, „Љубојна“ има издадено девет албуми и е автор на преку 70 театарски и филмски проекти. Има одржано преку 300 концерти ширум светот и е добитник на голем број награди, меѓу кои онаа за најдобра музика на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ (2002), „Златна бубамара на популарноста“ за група на годината во 2015 и во 2016 година и за музички спот на годината (2016), како и супербренд на годината за 2015 и за 2016 година.

Насловна фотографија: Боби Дојчиновски



Врати се горе ↑