Македонија tijana_dapcevic_muzika6

5 јануари, 2013

„Љуби ми се“ на Тијана ќе добие и македонска верзија

Поп пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна го промовираше нејзиниот нов сингл „Љуби ми се“, а наскоро оваа песна ќе ја слушнеме и на македонски јазик со наслов „Срце како мраз“, а ќе биде во соработка со Горила продукција, чија ексклузивка е нејзината сестра Тамара.

Тијана веќе десет години гради кариера во нашиот северен сосед, но подолго време не сме чуле песна на македонски јазик. Таа вели дека ако најде добра и квалитетна продуцентска куќа, ќе сними и албум на македонски јазик. Додека ја очекуваме македонската верзија на „Љуби ми се“, да се потсетиме како звучи оригиналната на српски јазик, чиј автор е Драган Брајовиќ Браја.

Извор: Вест



Врати се горе ↑