Видео

13 јули, 2018

„Љуби, љуби ме“ е новата песна на Ѓоко Јовиќ

Ѓоко Јовиќ деновиве го промовираше видеото за уште една од песните што се најдоа на неговиот нов албум „Корени“, чија промоција се случи на почетокот на мај. Токму атмосферата од овој настан е доловена и во екранизацијата за темата „Љуби, љуби ме“, на која како автори се потпишуваат тетовските хитмејкери Лазар и Магдалена Цветкоски.

Eve uste edna pesna od mojot nov album – KoreniPesnata e naslovena: #LjubiLjubiMeDokolku vi se dopadne spodelete, vi blagodaram odnapred 😘❤❤❤

Gepostet von Gjoko Jovik am Montag, 9. Juli 2018

 

„Следејќи го развојот на музиката, сфатив дека е дојден вистинскиот момент за да го реализирам мојот сон. Трендот не знае да чека и мислам дека поп-музиката е една од најактуелните во моментов на нашите простори, па затоа се одлучив за промени. Тоа не значи дека ја потценувам народната песна, но ете, тоа беше мојот сон, а соништата заслужуваат да бидат остварени“, изјави фолк-пејачот непосредно пред промоцијата на својот прв поп-проект, а како звучи „Љуби, љуби ме“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑