3 јули, 2014

„Љубави“ на Жељко доби видео запис од концертот во Скопје

„Вечерва на овој стадион победува љубовта и музиката“, со оваа најава започнува видео записот во кој се овековечи атмосферата во преполната арена „Филип II“ за време на големиот концерт на Жељко Јоксимовиќ, одржан на 21 јуни годинава. На овој настан проследен од околу 60 000 гледачи, гостуваа и колеги од регионот како што се Лепа Брена, Гаро и браќата Тавитјан, Бора Чорба, Жељко Самарџиќ и Даниел Кајмакоски, а публиката во еден глас ги пееше најголемите хитови на познатата балканска ѕвезда. Токму тоа може да се забележи во неодамна претставениот видео запис во кој музичарот го пее познатиот хит „Љубави“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 

.



Врати се горе ↑