21 октомври, 2016

„Литл микс“ со „поздрав за бившите“

Популарната женска четворка „Литл микс“, која воедно е и единствената група што некогаш победила на британскиот „Х фактор“, токму на сцената на популарниот музички натпревар, во неделата премиерно го изведе својот нов сингл „Shout Out To My Ex“. Само за 24 часа од настапот, песната веќе се искачи на 14. место на британската топ листа, благодарение на нивната армија обожаватели кои ја купија на Ајтјунс.

Џеси, Пери, Џејд и Ли-Ен сега го претставуваат и официјалниот видео запис за овој хит, кој се снимаше во Шпанија, a служи и како најава за нивниот четврт студиски албум „Glory Days“, закажан за 18 ноември годинава. Каков „поздрав за поранешните“ имаат „Литл микс“ можете да погледнете горе. Уживајте!

rs_600x600-161010123413-600a-little-mix-shout-out-to-my-ex-ms-101016_copy

 



Врати се горе ↑