Аудио

13 октомври, 2018

„Литл микс“ и Ники Минаж имаат нова женска химна – „Woman Like Me“

Со новата женска химна насловена „Woman Like Me“, британската група „Литл микс“ го означи почетокот на новото поглавје во својата успешна кариера, која започна со победата на популарниот музички натпревар „Х фактор“ во 2011 година. Новиот сингл доби засилување од американската колешка Ники Минаж, која на четирите дами им помогна подобро да ја пренесат пораката до сите жени.

„Нашиот нов сингл има цел да ги слави неверојатните жени во сите големини и форми“, објаснија девојките во објава на Инстаграм. „Едноставно сметавме дека во моментов нема доволно места каде што се слави жената, па сакавме да го промениме тоа!“

„Woman Like Me“, чиј автор е мегапопуларниот Ед Ширан, а продуцирана од Стив Мек, е вовед во 5. студиско издание на „Литл микс“ што треба да излезе во ноември годинава. Пејачките наводно веќе го снимиле и официјалното видео, па додека ја очекуваме неговата премиера, слушнете како звучи новата женска химна на оваа британска четворка. Уживајте!



Врати се горе ↑