Видео

27 октомври, 2018

„Литл микс“ и Ники Минаж ги отфрлаат женските стереотипи во „Woman Like Me“

Британската четворка „Литл микс“ го објави видеото за својот повратнички сингл „Woman Like Me“, во кој гостува американската колешка Ники Минаж. Приказната се одвива во корективна установа, каде што девојките се учат како да се однесуваат како дами и домаќинки – типични женски стереотипи кои пејачките остро ги отфрлаат.

Image result for Little Mix - Woman Like Me (Official Video) ft. Nicki Minaj

Нашиот нов сингл има цел да ги слави неверојатните жени во сите големини и форми. Едноставно сметавме дека во моментов нема доволно места каде што се слави жената, па сакавме да го промениме тоа“, рекоа девојките објавувајќи го воведот во нивното петто студиско издание симболично насловено „LM5“, кое ќе стигне на 16 ноември.

Image result for Little Mix - Woman Like Me (Official Video) ft. Nicki Minaj

Според насловите на 14-те, односно 18-те песни за луксузната верзија, се чини дека целото издание ќе биде исполнето со женски химни што промовираат родова рамноправност и отфрлање на застарените стереотипи. „The National Manthem“, „Joan of Arc“ и „Woman’s World“ се само дел од песните кои допрва ќе ги слушнеме од првата група што победи на британскиот „Х фактор“, а како изгледа „Woman Like Me“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑