Свет

5 ноември, 2016

„Литл микс“ и Џејмс Артур го делат престолот на британските топ листи

Британските музички сили стануваат сè посилни, особено на домашен терен, каде што на врвот и на сингл и на албумската листа се најдоа некогашните победници на популарниот музички натпревар „Х фактор“, групата „Литл микс“ и Џејмс Артур!

Четирите девојки веќе трета недела со ред го држат првото место со хит синглот „Shout Out to My Ex“, а веднаш за нив е колегата Артур со претходниот број 1 сингл, „Say You Won’t Let Go“. Интересно е тоа што меѓу најдобрите 10 синглови за оваа недела нема ниту еден новитет, но имајќи ги предвид најавите што нè очекуваат во наредниот период, веројатно е дека следната недела ситуацијата видно ќе се промени.

 

Од друга страна, албумската листа е преполна со новитети! Поточно, половина од првите десет позиции ги зазедоа сосема нови изданија, а едно од нив се смести на самиот врв. Станува збор за повратничкиот, втор по ред студиски албум на Џејмс Артур, „Back From The Edge“, кој ја воодушеви критиката и повторно ги собра симпатиите на обожавателите.

Веднаш зад него е минатонеделниот број 1 албум „The Wonder of You“ на Елвис Пресли, а на 3. место е новото издание на Мајкл Бубле, „Nobody But Me“. За жал, новиот албум на Лејди Гага, „Joanne“, од кого се очекуваше многу, веќе испадна од топ 10, откако минатата недела дебитираше на 3. место.

Насловната тема од овонеделното број 1 издание на британската албумска листа можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа ве очекуваат списоците со најдобрите десет синглови и албуми за оваа недела.

 

Топ 10 синглови:
1. Shout Out To My Ex – Литл микс
2. Say You Won’t Let Go – Џејмс Артур
3. Rockabye – Клин бандит
4. Starboy – Викенд
5. Closer – Чејнсмоукерс и Халзи
6. 24K Magic – Бруно Марс
7. Starving – Хејли Стајнфелд
8. Sexual – Нејкед
9. The Greatest – Сиа и Кендрик Ламар
10. Fake Love – Дрејк

Топ 10 албуми:
1. Back From The Edge – Џејмс Артур
2. The Wonder Of You – Eлвис Пресли
3. Nobody But Me – Mајкл Бубле
4. Mapping The Rendezvous – Коуртенирс
5. Can’t Touch Us Now – Меднес
6. Sleep No More – Џек Саворети
7. The Singles – Фил Колинс
8. Upon A Different Shore – Александер Армстронг
9. Greatest Hits – Роби Вилијамс
10. Walls – Кингс оф лион



Врати се горе ↑