19 март, 2017

Лириковниот пироман срка „Кристален мед“

Младиот скопски рапер Лириковен Пироман, кој е дел од екипата „Инклигз“ (Inklingz), неодамна го промовираше пред скоро време своето најново соло видео. Се работи за новата трака наречена „Кристален мед“, а истата е во продукција на неговиот колега од „Инклигз“, Лукс Кмала.

Како што кажува и самиот артист, „периодов сите ние конзумираме големи дози на кристален мед. Тоа е она навидум слатко и убаво, што ни го сервираат од ГОРЕ, ’MЕД’ кој ја дисторзира реалноста и ја поткрепува илузијата за македонската утопија. Кристален мед е креиран термин, игра на зборови со дрогата ’crystal meth’, кој нè прави зависни и ни создава нова реалност во маргините на веќе постоечката. Сите ние конзумираме кристален мед на овој или оној начин.“

Видео обработката е на Давид Марковиќ (камера) и Никола Велковски (видео).



Врати се горе ↑