Промоции line out ova leto promo

28 мај, 2013

„Лајн аут“ Ве канат на промоција

Бојан Дамјаноски (гитара) и Бојан Вељаноски (вокал) или накратко „Лајн аут“ (Line Out), дуото кое веќе 9 години се занимава со музика, во февруари годинава го претстави синглот „Јас не заминувам“, позади кој застана познатиот продуцент од „Скај ај ентертејнмент“, Зоран Алексиќ, а текстот го напиша сè попопуларната Рената Кралевска.

Но, момците навистина не заминуваат од македонската музичка сцена – нивната нова песна насловена „Ова лето“ доби и свое видео издание, а промоцијата е закажана за утре, 29 мај, во лаунџ барот „Red Caffe“ во Аеродром. Настанот ќе биде со почеток од 12 часот.



Врати се горе ↑