Свет image

23 февруари, 2013

Линдзи Лохан го тужеше Питбул и… изгуби!

Како што пишува Fuse.tv, актерката Линдзи Лохан поднела тужба против музичарот Питбул (и неговите соработници Ни Јо и Афроџек), барајќи оштета за споменувањето на нејзиното име во неговиот хит „Give Me Everything“ во кој еден стих гласи „I got it locked up like Lindey Lohan“ (Завршив во затвор како Линдзи Лохан).

Но, во четвртокот федералниот судија во Њујорк ги отфрлил обвиненијата повикувајќи се на Првиот Амандман, кој ја штити слободата на говор и уметничко изразување. Адвокатот на Питбул, Маркос Хименез за Е!News изјавил дека неговиот клиент е задоволен: „Тој сметаше дека е многу важно да се соочи со ова и да ги заштити неговите и правата на другите артисти. Тој реши да се бори.“

Извор и фото: fuse.tv

 



Врати се горе ↑