Видео

1 август, 2018

Лина си игра „Топло-ладно“

Веднаш откако ја објави српската верзија на својот нов сингл насловен „Одлучи се“, Лина Пејовска ја претстави и македонската варијанта, овој пат со наслов „Топло-ладно“. Како и на претходната, макфестовска балада „Ако ме сакаш“, автор на новиот сингл е Дарко Димитров, кој се потпиша на музиката, аранжманот и продукцијата, додека стиховите се дело на Елена Ристеска.

Исто како и за српската верзија, видеото го изработи Бошко Столиќ, а објавено е на каналот на продукцијата „Фејсинг д сан“. Како звучи најновото од младата ѕвездичка Лина Пејовска дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑