Видео

25 мај, 2019

Лина Пејовска ја освојува Хрватска

Откако ја освои српската публика во „Пинковите ѕвездички“, Лина Пејовска продолжува да го освојува Балканот и во хрватската верзија на овој натпревар наречен „РТЛ звијезде“. Во рамките на третата сезона, чија тема е „Летен хит“, 16-годишната пејачка ја отпеа евровизиската „My Number One“, со која Гркинката Елена Папаризу триумфираше на популарниот фестивал во 2005 година.

Жирито составено од Андреа Андраси, Тончи Хуљиќ, Нина Бадриќ, Петар Грашо и Бранко Ѓуриќ имаше само пофални зборови за нашата Лина. „Ти си совршена, прекрасна си, се движиш на сцената како да е твоја“, рекоа Андреа и Нина, а Тончи додаде дека кога некој доаѓа од Македонија, се знае дека убаво пее.

Својата прва песна Пејовска ја отпеа како дебитантка на „Макфест 2017“, кога настапи со баладата „Ако ме сакаш“, а уште еднаш воодушеви и на ланското издание на фестивалот со темата „Нема“. Иако вели дека повеќе сака балади, одлично се покажа и со побрзите песни, како што беше минатогодишниот хит „Топло-ладно“ и српската верзија Одлучи се“, па додека го очекуваме следниот сингл од Лина, уживајте со нејзиниот прв настап во хрватските „Ѕвезди“!



Врати се горе ↑