Аудио limp-bizkit-lil-wayne

26 март, 2013

Лимп Бискит се враќаат со нов сингл во соработка со Лил Вејн

Познатата американска група Лимп Бискит (Limp Bizkit) се враќа со нов сингл насловен „Ready To Go“ во кој гостува раперот Лил Вејн. Песната која е продуцирана од Полоу Да Дон,  беше претставена во неделата (24-ти март) и го најавува нивниот нов рап-метал албум насловен „Stampede of the Disco Elephants“.

Како што пишува Billboard, новиот сингл е тип на песна каква што фановите на бендот очекувале повеќе од деценија: „Звучи како чудовиште! Буквално звучи опасно.“ – изјавил Фред Дарст, фронтменот на бендот за оваа интересна соработка.

Нивниот последен албум „Gold Cobra“ од 2011 година беше последен обид под долгогодишната етикета Interscope, со продадени 77 000 примероци според агенцијата Nielsen SoundScan. Во февруари 2012 година, бендот потпиша договор со Cash Money Records, па новиот албум ќе биде издаден под таа етикета. Во продолжение преслушајте го првиот сингл од новото издание.

Извор и фото: Billboard.com

 



Врати се горе ↑