13 ноември, 2013

Лили Ален се враќа со нов сингл: Погледнете го „Hard Out Here“

Британската пејачка Лили Ален деновиве го претстави својот нов сингл, а темата насловена „Hard Out Here“ го најавува нејзиниот нов албум кој ќе го наследи „It’s Not Me, It’s You“ од 2009 година и ќе пристигне следната година. За режијата на овој духовит видео запис во кој се критикуваат многу аспекти од современата поп музика, а посебно начинот на кој се третираат жените, беше задолжен Кристофер Свини, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

За својот нов албум, за кој соработува и со авторот Грег Крстин, Лили Ален неодамна изјави дека има „некои феминистички аспекти“: „Тоа не е албум кој порачува ’сега сум мајка’. Тој дава некаква сила, има некоја феминистичка атмосфера. И понатаму тоа сум старата јас, со по некоја псовка… Силни рефрени, промени на хармонијата на вистинските места.. Тоа е тоа!“ – рекла пејачката, признавајќи дека е доста нервозна за враќањето на сцената по подолгата пауза. Таа во јануари годинава ја роди својата втора ќерка Марни.

 



Врати се горе ↑