Свет Lily Allen image 1024 x 768

26 јуни, 2013

Лили Ален: „Новиот албум ќе излезе во март“

Британската пејачка Лили Ален објави дека нејзиниот нов албум веројатно ќе излезе во март следната година. Тоа ќе биде нејзино трето студиско издание, кое ќе го наследи „It’s Not Me, It’s You“ од 2009 година. За Sunday People, Ален изјавила: „Навистина уживам пишувајќи и се надевам дека албумот ќе биде готов до март. Многу е различен од она што го работев порано…“

Пејачката која во јануари ја роди својата втора ќерка Марни, порано изјавила дека новиот албум ќе биде за „бебиња и пелени“, а за работата на новиот материјал рекла: „Не би рекла дека ми оди лесно… но не е ни тешко… Едноставно е поинаку, бидејќи подрачјето на мојата инспирација е различно од она што ме инспирирало пред девет или десет години.“

Минатата година Ален гостуваше во песната „True Love“, која се најде на актуелниот албум на Пинк „The Truth About Love“. Тоа воедно беше и прва песна за Ален откако во 2009 „засекогаш се повлече од светот на музиката“, за да му се посвети на семејството, издавачката куќа и модниот бутик. Во продолжение да се потсетиме на нејзиниот голем хит „F*ck You“.

 



Врати се горе ↑