2 јули, 2014

Лили Ален им се спротистави на интернет блогерите со „URL Badman“

Музичарите често го искажуваат своето незадоволство преку песна, без разлика дали станува збор за општествени појави, притисоци, погрешно претставување во јавноста или дискриминација по која било основа. Со нејзината последна песна, Лили Ален се спротивставува на модерните „демони“ во форма на интернет „тролови“, односно блогерите кои често пишуваат непримерни коментари. Нејзиниот сингл „URL Badman“ е уште начин на Ален да им го покаже средниот прст на нејзините виртуелни непријатели, а како изгледа новиот видео запис можете да погледнете горе.

Британската пејачка која е добро позната дека „нема влакна на јазикот“, никогаш не го криела нејзиниот вознемирувачки однос со коментаторите на интернет: „Ги читам сите и 90% од нив се одвратни. Дали е тоа така бидејќи сите ме мразат? Или само сакаат да се чувстуваат подобро со себе со тоа што ќе кажат нешто лошо за друг?“, изјавила пејачката во едно интервју минатата година.

 



Врати се горе ↑