Свет lily-allen-hard-out-here-video-3

17 ноември, 2013

Лили Ален: „Доли Партон е кучка. Адел е кучка… Ријана е инспиративна кучка“

Британската музичарка Лили Ален која неодамна го претстави својот нов повратнички сингл „Hard Out Here“, дискутирајќи ја новата песна, во неодамнешно интервју за магазинот The Observer неколку нејзини колешки ги нарече кучки. Имено, рефренот на песната гласи „It’s hard out here for a bitch“, па тоа што сакала да каже Ален го објаснила на следниот начин: Доли Партон е кучка. Адел е кучка. Ангела Меркел е кучка… Ријана е инспиративна кучка, мојата мајка, Мајли е кучка. Таа е мојот херој.“ – рекла пејачката, додавајќи: Кејт Мидлтон НЕ Е кучка.“

Меѓу другото, 28-годишната пејачка дискутирала и за нејзиното место во музичката индустрија, објаснувајќи дека е позната по тоа што секогаш зборува отворено: „Секогаш ми забележувале дека имам ’голема уста’, кога јас всушност само зборувам. Во музичката индустрија жените секогап биле контролирани од машки извршни продуценти, секогаш им се кажувало само да молчат или луѓето ќе им се смеат.“ 

Во однос на климата на поп музиката во моментов, таа тврди дека сега има многу повеќе женски артисти на топ листите за разлика од периодот кога го објавила својот деби албум „Alright, Still“ во 2006 година: „Кога се појавив на музичката сцена, девојки бевме само јас и Ејми Вајнхаус. Сега, кога повторно се враќам на пазарот, скоро сите се жени.“ – вели таа, додавајќи дека ја вознемирува фактот што многу од современите женски поп артисти не се автори на сопствените песни: „Никој не кажува ништо реално денес. Поголемиот дел од тие девојки пеат песни напишани од други луѓе. Тоа ме нервира бидејќи ’е, о, е, о, ааа’ не е рефрен! Тоа не е момент кога чувствуваш дека се поврзуваш. Ми треба некаква нарација, некаква приказна“ – вели Ален.

За разлика од нејзините поранешни изданија кога песните беа наменети за „другата половина“, за новиот албум Ален вели дека ќе се состои повеќе од песни на различни теми: „Сакам да пеам за различни нешта сега… Сега не би можела да бидам посреќна, а тоа ми овозможува да се отворам и да пишувам за повеќе општи работи. Има неколку песни за Сем (нејзиниот сопруг), вклучувајќи една секси тема во која се зборува за еден вид сексуална реактивација по бременоста. Но, тие се генерално повесели и посреќни, а помалку летаргични и тинејџерски.“

Во јуни годинава, пејачката изјави дека навистина ужива во подготовката на новиот материјал и дека албумот ќе биде готов до март следната година.

 

Извор: NME



Врати се горе ↑