Аудио FINAL-ALBUM-COVER-600x600

16 октомври, 2014

ЛиЕн Рајмс најави божиќен албум со „Silent Night, Holy Night“

Американската кантри-поп ѕвезда ЛиЕн Рајмс деновиве го најави своето ново студиско издание насловено „One Christmas: Chapter 1“, на кое ќе се најдат преработки на 6 божиќни песни. „Направив божиќно издание многу одамна, но овој пат решив да го поделам материјалот во три години за да не морам да престанам да снимам празнична музика. Навистина многу се забавувавме кога го снимав првиот ваков албум. Се обидов да си поиграм со звукот на кој сте навикнале да го слушате од мене, па новиот материјал е мошне сестран, има многу душа и звучи природно“, рекла пејачката.

Албумот ќе биде објавен на 28 октомври, а првата од шесте песни која имате можност да ја слушнете во продолжение е добро познатата „Silent Night, Holy Night“.



Врати се горе ↑