Македонија 391209_4689923119216_1989236180_n

7 февруари, 2013

Лидија Кочовска: Не се враќам додека естрадата не се рестартира

Еден од најдобрите женски вокали на нашата музичка сцена Лидија Кочовска вели дека не планира да се врати на македонската музичка сцена со новитет, се додека естрадната ситуација е ваква, пишува Вечер. Таа изјавила дека причина за ваквиот нејзин став е лошата состојбата на музичката сцена која се провлекува со години, па затоа воопшто немала желба за камбек.

„Навистина треба да се рестартира оваа естрада, буквално од автори, композитори, аранжери, продуценти… Треба да се појави нешто ново за да се осудам, односно да го реализирам сето она што го имам како идеја и визија“ – вели Лидија. Открива дека не сака да биде остра, но не постојат нови музички имиња кои ѝ оставиле впечаток, освен нејзините миленици Елена Ристеска и Влатко Лозаноски кои, според неа, имаат одлични вокални способности.

„Не знам дали новите пејачи направиле песна која следниот ден некој ја запомнил?!!“ – вели Кочовска, која признава не е носталгичар за естрадата која некогаш постоела, но едноставно морало да се стави точка на сето ова и да се почне од почеток.

Инаку, пејачката периодот пред и по новогодишните празници го помина во Холандија кај нејзината пријателка, текстописецот Маја Павловска, каде меѓу другото настапи и на хуманитарниот концерт во Утрехт организиран со цел да се соберат средства за манастирот Св. Јован Бигорски.

Да се потсетиме на нејзиниот евергрин, песната „Ти си тој“ со која настапи на фестивалот за забавни мелодии МакФест во 1999 година.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑