Македонија molika aneta

27 декември, 2012

„Личнo Наде“ на Анета и Молика е фолк хит на годината

Во конкуренција од 40 фолк песни, убедливи победници се битолчаните Анета Мицевска и група Молика со нивниот хит „Личнo Наде“. Во изборот на Фолк хит на годината гласале вкупно 13 872 гласачи, а дозволено беше едно гласање од една IP до крајот на гласањето, така што овој избор беше еден од најреалните. Во финалето заедно со Анета и Молика беа и скопската група  Фантазија со нивниот хит „Земја пресвета“. Песните за избор на Фолк хит на годината беа предложени од повеќе медиуми од Македонија. Во изборот на фолк хит на годината беа земени во предвид посериозни песни не обрнувајчи внимание на бројот на прегледи на YouTube, со еден збор во изборот не беа ставени кич песни, знаејки дека кич песните се најпосетувани на социјалните мрежи.Честитки за Анета и Молика! Австралиската ИНТВ ќе им додели признание на Анета и Молика и од наредната година повторно ќе има избор на фолк хит на годината .

 



Врати се горе ↑