За Вас Licata so Daunov sindrom voodushevija so interesen flesh mob

27 октомври, 2014

Лицата со Даунов синдром воодушевија со интересен „флеш моб“

Центарот за младински активизам КРИК и прилепската компанија „Витаминка“, како главен поддржувач, во петокот на 24 октомври, по повод октомври – месецот посветен на лицата со Даунов синдром, во „Сити мол“ организираа интересен „флеш моб“ на кој главни учесници беа лица со Даунов синдром. Учесниците на „флеш мобот“ 6 месеци вежбаа различни танцови точки и кореографии, а за целото време „Витаминка“ им излегуваше во пресрет, безрезервно давајќи им ја својата поддршка и дел од своите производи.

Резултатот беше своевиден спектакл. Посетителите во „Сити мол“ беа воодушевени од одличната танцова изведба на лицата со Даунов синдром чиј „флеш моб“ вистински ги изненади сите присутни. Нивната енергија, посветеност и ентузијазам беа повеќе и од очигледни. Со овој настан покажаа дека нивното вклучување во општествените активности не треба да биде табу тема. Компанијата „Витаминка“ на овој начин повторно ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на донации од таков тип и со придонесот ги мотивираше лицата со Даунов синдром да бидат одлични во својата изведба.  



Врати се горе ↑