Видео

22 јули, 2019

„Либеро бенд“ со уникатно видео за новиот сингл „1001“

„Либеро бенд“ деновиве го промовира својот нов сингл насловен „1001“, како најава за интересен проект што ќе биде составен од неколку песни и видеа, кои ќе бидат поврзани. Новиот летен хит на момците е дело на Дејан Стојановиќ, чиј потпис стои на музиката и на стиховите, а за миксот и мастерингот бил задолжен Иван Јованов – Ивајо. 

Она што е најинтересно за овој проект е визуализацијата, за која се погрижи Даниел Јовески, користејќи посебна техника на снимање што дава уникатна димензија, а во конкретниов случај потсетува на Гуливер и Лилипутанците.

„Либеро бенд“ зад себе ги има и хитовите „Моја“ и „Најмила“, а како звучи и изгледа најновото од оваа музичка дружина, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑