Галерија

29 мај, 2017

„Либеро бенд“ промовираат нов спот

Момците од „Либеро бенд“ неодамна се вратија од Шпанија, каде снимаа спот за најновата песна која повторно беше работена со проверена и докажана балканска музичка екипа. Спотот и овој пат го работеше Ведад Јашаревиќ и неговата продукција „Уејв“ (Wave), која застана и зад видеото за претходната песна „Твој сум“, односно „Твој сам“.

Музиката за новата песна е на момците од бендот, додека текстот за македонската верзија го напиша Елвир Мекиќ. Текстот за српската верзија е на Јелена Трифуновиќ, а аранжанот на Валентино Скендеровски. Официјалната промоција на спотот овој пат ќе се случи на интернет, на 1 јуни, точно во 18 часот, а спотот ќе биде објавен на каналот на продукцијата „Уејв“ на Јутјуб.



Врати се горе ↑